• Горан Упале

Антонио Конте неодамна се врати во Премиер лигата и седна на клупата на Тотенхем, а со оглед на неговиот прв чекор кој го направи во новата средина, се чини дека не е задоволен од ситуацијата која ја презеде.
Италијанскиот стручњак смета дека некои фудбалери имаат прекумерна тежина, па реши да им изрече бројни забрани, а исхраната беше прва на мета. Тоа им го кажа директно во лице и ним им забрани масна храна, мајонез, кечап, како и шеќери, вклучително и овошни сокови кои се полни со нив.
„Секој фудбалер мора физички да напредува за да се вклопи во мојата идеја за фудбалот. Мора да го зголемат својот капацитет на страдање... Два или три три дена тренинзи неделно се премалку време за да одговориме на сите прашања што нè мачат.
Се надевам дека ќе останат посветени, бидејќи само така можеме негативата да ја претвориме во позитива“, изјави Конте.
Тотенхем моментално е деветти на табелата, а бидејќи има многу поголеми амбиции, ќе мора веднаш да почне да освојува бодови во Премиер лигата.