Конте е убеден дека Кулушевски би бил екстра-засилување за Наполи

Медиумите во Италија пишуваат дека новиот тренер на Наполи, Антонио Конте, има огромна желба да го доведе во тимот шведскиот репрезентативец со македонско потекло, Дејан Кулушевски. 

Конте соработуваше со Кулушевски додека беше тренер на Тотенхем и нивниот однос е прилично близок, па затоа инсистира управата да се обиде да го донесе играчот кој во моментов е проценет на 55 милиони евра. 

Кулушевски не би имал проблем да се пресели во Неапол и повторно да заигра во Серија А, но отштетата за „петлите“ е навистина голема и не се знае дали Наполи би можел веднаш да ја исплати. Се шпекулира со трансфер на неколку рати или евентуална позајмица со задолжителен откуп, па во моментов сите опции се во игра. 

Минатата сезона Македонецот одигра 39 натпревари за Тотенхем и забележа учинок од девет гола и три асистенции во сите конкуренции. Кариерата ја започна во Аталанта, а потоа играше уште за Парма и Јувентус.