Конте добива напаѓач, Ричарлисон пред потпис со Тотенхем

Екипата на Тотенхем продолжи да го засилува ростерот на Антонио Конте за следната сезона. „Петлите“ сакаат да го нападнат врвот во Премиер лигата, а ново име во таборот ќе биде Ричарлисон

Бразилецот, кој блескаше во Евертон, за сума од 50 милиони фунти се сели во Лондон, плус дополнителни бонуси. Ричарлисон лесно се договори со челниците на Тотенхем, а и Евертон немаше против продажбата на бразилскиот офанзивец. Своето „Here we go“ го даде и угледниот трансфер гуру, Фабрицио Романо, кој ја објасни зделката.

Бидејќи се наоѓа во родниот Бразил, Ричарлисон ќе ги одработи медицинските прегледи во својата земја, а потоа ќе се упати кон Англија за потпис на договорот. Тотенхем работи на сериозно засилување на тимот, со цел да се вратат во битката за горните позиции во Премиер лигата. Конте има свои желби, а веројатно Даниел Леви реши да го „одврзе ќесето“ и да носи засилувања.