Конте добил понуда да се врати во репрезентативниот фудбал

Конте

Фудбалската федерација на Холандија наводно му понудила на Антонио Конте да биде наследник на Франк де Бур на селекторската позиција.

Неуспехот на „лалињата“ на Европското првенство резултираше со разделба на холандската легенда и репрезентацијата. Тоа остави празен простор, кој се шпекулираше дека речиси сигурно ќе го пополни Луј ван Гал.

Италијанските медиуми го поврзаа името на екс предводникот на Интер со холандскиот национален тим. Засега нема контакт меѓу двете страни, само се шири шпекулација околу иднината на 51-годишникот.

Конте си замина од „Џузепе Меаца“, иако имаше успешна сезона и ја освои титулата во Серија А.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.