ВИДЕО: Конте дебитираше со тешка победа на Наполи на пенали против второлигаш!

Фудбалерите на Наполи многу потешко од очекувањата стигнаа до второто коло од Купот на Италија. Избраниците на Антонио Конте го елиминираа второлигашот Модена дури по изведувањето пенали, откако во регуларниот дел од натпреварот немаше голови (0-0). Пресуди промашувањето на Зара во петтата серија, па на крајот натпреварот заврши со резултат 4-3а Наполи.

Претспоследниот шампион на Италија играше без Виктор Осимено, што дополнително ги подгреа сомнежите за неговото неизбежно заминување од југот на Италија.

  • Наполи - Модена 0-0 (4-3 по изведување на пенали):

Чезена приреди изненадување, бидејќи во Верона го елиминира домаќинот со 1-2. Гостите поведоа во 44. минута со голот на Каргба, а во 49. минута Шпенди ја удвои предноста. Верона тргна на ризик, но освен голот на Тенгштет не успеа значително да го промени текот на настаните.

  • Верона - Чезена 1-4: 

Емполи забележа рутинска победа од 4-1 над Катанцаро, додека Кремонезе го победи Бари на пенали.