Консеисао: Секоја чест за играчите, можеме да го вратиме Милан каде што припаѓа

Серџо Консеисао има повеќе од успешен старт на клупата на Милан и оствари два големи резултати во кои ги надигра големите ривали, Јувентус и Интер. 

Португалскиот стратег славеше со играчите после освоениот Суперкуп и триумфот над градскиот ривал во финалето, а по мечот изјави дека овој Милан може да се врати таму каде што заслужува.

„Честитки за играчите кои прикажаа феноменална игра. Се вративме од голема негатива, а тоа може да биде само добар знак за иднината. Милан е голем клуб кој заслужува секогаш да биде на врвот. Мислам дека можеме да се вратиме на славните патеки, но ќе треба напорно да работиме.  

Имам чувство дека сум со овие фудбалери подолго време, а не само неколку дена. Ќе одиме чекор по чекор, драго ми е што започнав со освоен трофеј, тоа ќе биде голем поттик и мотив за остатокот од сезоната“, изјави пресреќниот Консеисао. 

„Росонерите“ го кренаа трофејот од Суперкупот и сега се насочуваат кон настапите во Серија А, каде ги очекува дуел со Каљари на домашен терен.