Консеисао: На „Енфилд“ не одиме по освета, туку по победа!

Тренерот на Порто, Серџо Консеисао пред денешниот четвртфинален дуел меѓу Ливерпул и Порто изјави дека неговиот тим не е мотивиран со освета за Англичаните.

Минатата година Ливерпул го совлада Порто на „Драгао“ со 0-5, во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, а на реваншот на „Енфилд“ мечот заврши со 0-0.

„Слушам дека константо се поставува прашањето за освета. Сепак, не се работи за тоа - ова е само фудбалски натпревар. Сите натпревари имаат некоја своја историја. Натпреварот од минатата година воопшто не е во нашите мисли. Ливерпул на тој меч беше навистина добар и сосема заслужено се пласира во следната рунда. Нема да има овде никаква приказна за освета. На Ливерпул гледаме како на еден силен противник и ќе се обидеме да го дадеме нашиот максимум за да извлечеме позитивен резултат“, изјави тренерот на Порто.

Дуелот меѓу Ливерпул и Порто на „Енфилд“ се игра денес од 21:00 часот, а „црвените“ сè уште na ја почуствувале горчината на поразот од Порто во Лигата на шампионите. Одиграле четири натпревари, на кои избраниците на Клоп имаат две победи и два нерешенин исходи.

>>> ПОВРЗАНО - Клоп: Сите очекуваат дека ние треба постојано да победуваме