Консеисао: Интер е квалитетен тим навикнат да победува, а ние мора да мислиме на својата игра

Фудбалерите на Милан ќе го предизвикаат Интер за трофејот во Суперкупот на Италија. Средбата која ќе се одигра во Саудиска Арабија ќе биде втора за Серџо Консеисао на клупата на „росонерите“. Тој имаше успешно деби против Јувентус, а сега среќата посака да се судри со својот поранешен клуб.

„Се подготвуваме за дуелот со силен Интер, тим кој е навикнат да победува. Тренерот и играчите се заедно долго време. Ние мора да размислуваме за самите себе, а да не заборавиме и за милионите навивачи. Имам респект за тимовите за кои сум играл, мојот син игра за Јувентус, а чувството не ми се менува без разлика кој ни е противникот. Ја сакам Италија како мој втор дом, дојдов тука многу млад и имам добри сеќавања. Сега ми е чест и гордост пак да сум тука во тим како Милан.

Се играат два меча за трофејот. Првиот чекор веќе го направивме, сега на ред е вториот. Стартот ми е против Јувентус и Интер. Не ви е потребна среќа ако работите напорно. Таа доаѓа како награда ако покажете решителност, талент и работите многу“, изјави Консеисао.

Натпреварот во Ријад меѓу Милан и Интер е на програмата в понеделник во терминот од 20:00 часот.