ВИДЕО: „Коњи брзајте“ – „Комити“ возвратија на провокацијата на „Чкембари“

Најверните навивачи на Вардар, популарните „Комити“ им возвратија на своите лути ривали – „Чкембари“, откако битолската навивачка група со интересно видеа го најави гостувањето на големото дерби во ПМФЛ и воедно го пецна противникот.

<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: „Чкембари“ се качија на коњи, ги пецнаа „Комити“ и го најавија гостувањето на дербито!

Видеото кое што беше објавено на социјалните мрежи на „Чкембари“ стана вирално, а „Комити“ се потрудија на иста мера да им возвратат на битолчани. Скопската навивачка група објави видео во кое еден детаљ е највпечатлив, тоа е хитот на Ана Костова „Коњи брзајте“, со што им на еден начин им одговорија на вчерашната провокација на битолчани.

Големото дерби во мак-фудбалот се игра в недела, со почеток од 20:00 часот, на арената „Тодор Проески“.