Конференциска лига шешири: Двајца Македонци наши репрезенти

Исто како и Лигата на шампионите и Лигата на Европа, така и Конференциската лига ќе се игра во нов формат. Во неа ќе има двајца македонски фудбалери, тоа се Дамјан Шишковски со босански Борац и Дарко Чурлинов со полска Јагјелонија.

Треторангираното натпреварување на УЕФА ќе се игра во нов формат од оваа година, бројот на клубови е зголемен од 32 на 36, нема повеќе групи, туку сите учесници формираат една лига, а секој клуб ќе одигра по шест натпревари. Три дома, три на гости, со по еден меч против шест различни противници, а ривалите кои ќе одат еден против друг ќе бидат одредени од компјутер.

Сите учесници се поделени во шест шешири, по шест во секоја. Секој ќе игра против еден од секој шешир, а исто така и од својот сад. Имињата на клубовите ќе бидат извлечени рачно како и досега, а потоа компјутерот ќе ги „бира“ противниците. Еден клуб може да игра против најмногу два клуба од иста земја.

Првите осум клуба од заедничката лига по шест одиграни натпревари директно ќе се пласираат во осминафиналето, а оние од 9. до 24. место ќе играат бараж за преостанатите осум места во второто коло. Останатите екипи испаѓаат од натпреварувањето.

  • Шешири во Конференциската лига:

1 шешир: Челзи, Копенхаген, Гент, Фиорентина, ЛАСК, Бетис

2 шешир: Башакшехир, Молде, Легија, Хајденхајм, Ѓургарден, АПОЕЛ

3 шешир: Рапид, Омонија, ХЈК, Гимараеш, Астана, Олимпија

4 шешир: Серкл Бриж, Шамрок, ТНС, Лугано, Хартс, Јагјелонија

5 шешир: Млада Болеслав, Петрокуб, Сент Гален, Панатинаикос, ТСЦ, Борац

6 шешир: Целје, Ларне, Динамо Минск, Пафос, Викингур, Ноах