Конференциска лига: Динамо го избегна Ајакс, но може да налета на Фиорентина или Астон Вила

Елиминацијата на Бетис од Динамо Загреб е најголемото изненадување во првата елиминациона рунда на Конференциската лига на УЕФА. Така, Адеми и Ристовски останаа единствени македонски фудбалери во третиот по квалитет европски Куп.

„Модрите“ не се носители во утрешната ждрепка, па може да налетаат на номинално најквалитетните екипи во натпреварувањето, Фиорентина и Астон Вила.

Носители:
Викторија Плзен
Астон Вила
Бриж
Фенербахче
Фиорентина
Лил
Макаби Тел Авив
ПАОК

Неносители:
Макаби Хаифа
Ајакс
Динамо Загреб
Сервет
Олимпијакос
Молде
Штурм Грац
Унион Сент Жилоа

Ждрепката за осминафиналето на Конференциската лига е закажана утре од 13:00 часот во седиштето на УЕФА во Нион.