• Иван Димовски
Фудбалерот на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга, се огласи по елиминацијата од Лигата на шампионите и ја презеде вината за случувањата во реваншот против Баерн Минхен.
„Ја преземам одговорноста за мојот дел. Сакам да му се извинам на тимот и на навивачите. Ви благодарам за поддршката, да живее Реал Мадрид“, порача Камавинга.
„Кралевите“ беа блиску до пласман понатаму, но црвениот картон за Французинот во финишот го промени текот на натпреварот, по што Баерн направи пресврт и обезбеди место во полуфиналето.
Одлуката на судијата Славко Винчиќ предизвика поделени реакции, дел од јавноста го обвини Камавинга, додека други сметаат дека исклучувањето било престрого.




