ВИДЕО: Конечно радост за Реал Сосиедад, преку пресврт совладан Еспањол

По серијата катастрофални резултати и четири порази од исто толку натпревари, конечно радост за фановите на Реал Сосиедад. Иако потешко од очекуваното, тимот од Сан Себастиан успеа да го скрши отпорот на Еспањол и да слави минимална победа од 2-1. 

  • Извештај од натпреварот: 

Домаќините подобро го отворија натпреварот и на Хозе му беше поништен погодок во 5. минута. Сепак, резултатот го отворија гостите од Барселона. Во 10. минута Лопез беше на висината на задачата и донесе водство за Еспањол. Но, во вториот дел Реал Сосиедад покажа моќ и преку Хозе и Исак стигна до значајни три бода.

Фудбалерите на Осасуна продолжуваат со одличната форма во овој период од сезоната во Примера и вечерва ја запишаа третата победа во низа и на еден начин си обезбедија прволигашки статус и следната сезона.

Избраниците на Арасате одиграа уште еден одличен натпревар и како гости успеаја да го надиграат тимот на Еибар и да слават заслужен триумф од 0-2. Човек на одлука беше Гарсија, кој беше творец на двата гола (6. и 74. минута). Со овие три бода Осасуна се искачи на 11-та позиција на табелата со 44 бода, дури 15 од Мајорка која е 18-та. На другата страна, пак, Еибар остана на 16. место со шест бода повеќе во однос на тимот на Александар Трајковски