„Конечно некои сфатија дека фудбалот не е само голови, голови и само голови“

Лука Модриќ насловна

Освојувачот на „Златната топка“ за 2018 година, Лука Модриќ, испрати порака до сите критичари на изборот на „Франс Фудбал“.

По церемонијата во Париз, скромниот хрватски интернационалец не заборави на неправдите кои му се случија на Чави, Иниеста и Снајдер, а ги „пецна“ и оние кои смеаат дека Роналдо и Меси и денес ги заслужуваат сите индивидуални награди.

„Со оваа награда се докажува дека фудбалот не е само голови. Тоа требаше да се случи за некои да го сфатат тоа.

Патот до наградата беше долг и тежок и поради тоа сум уште посреќен. Мене никој не ми подарил ништо, се што сум постигнал било резултат на напорна работа. Морав да освојам три титули во низа во Лигата на шампионите со Реал Мадрид и да стигнам до финале на еден Мундијал со мала држава како што е Хрватска, што за мене беше незамисливо. Дури тогаш на сите им стана јасно дека фудбалската игра не е само голови, голови и само голови“, вели Хрватот.

33-годишникот од Задар стана првиот фудбалер во историјата со четири индивидуални награди во една година.