• Зоран Мишевски

По европскиот шок против Базел, холандскиот вицешампион ПСВ Ајндховен конечно се враќа на вистински колосек и реди победи во официјалните натпревари. „Филипсовците“ го совладаа Ден Хаг во последниот натпревар од второто коло на Ередивизие со 3-1 (1-1), а остави впечаток дека може да постигне уште многу повеќе голови.
Бруно, Мејнел и Гакпо беа стрелци на головите за домашната екипа, а Чехот Нецид погоди за гостите.
И во второто коло Феенорд со новиот тренер Јап Стам е без победа. На гостувањето во Херенвен, екипата од Ротердам извлече 1-1, а Ибрахим Дресевиќ во 80. минута го спаси домашниот тим од пораз.
- ПСВ Ајндховен - Ден Хаг 3-1:
- Херенвен - Феенорд 1-1:
АЗ Алкмар и Утрехт се двете единствени екипи со максимални шест бода по две одиграни кола.