Конечно добри вести за Јувентус, посилен напад за Лион и Интер

Игуаин

Пред фудбалерите на Јувентус претстои можеби клучна недела во тековната сезона. Екипата на Маурицио Сари најпрво гостува кај Лион во осминафиналето во Лигата на шампионите, а за време на викендот го игра дербито во Серија А против Интер.

Добри вести за „старата дама“ пристигнаа вчера и истите велат дека Гонзало Игуаин заздрави од повредата на грбот и ќе биде на располагање за овие важни натпревари. Јуве ќе игра во Франција оваа среда, а ќе го пречека тимот на Антонио Конте в недела во 20:45 часот.

Игуаин не е најавен за стартниот тим, но може да биде од голема корист во текот на натпреварот. Со враќањето на Аргентинецот, Сари ќе биде само уште без Демирал, кедира и Даглас Коста.

Возвратниот натпревар против Лион ќе се игра во Торино на 17 март.