Конечна пресметка во Копа Либертадорес на „Монументал“

Најголемиот стадион во Аргентина ќе биде домаќин на бразилската пресметка за круна најдобар во Јужна Америка. Се надеваа навивачите на Ривер дека во финалето на Монументал ќе се најде екипата на Марсело Гаљардо, но во реалноста ги врати Атлетико Минеиро. Тимот од Бело Хоризонте во првиот меч на свој терен ја декласира Бока и рутински ја заврши работата во реваншот. Уште поубедлив беше Ботафото против уругвајскиот Пењарол и закажаа конечна пресметка. 

Двата бразилски тима во црно-бели бои со големите вложувања во последните години се кренаа во регионални сили. Атлетико Минеиро во последните години имаше успеси, ги освојуваше домашните и меѓународните натпреварувања, формира силен тим со звучни имиња како Хулк, Густаво Скарпа, Ренко Саравиа, Родриго Батаља, Паулињо... Сезоната во домашното првенство бргу пропадна и сите карти ги фрлија на Копа Либертадорес каде што единствено победија пред 12 години предводени од Роналдињо.

Сите квоти во MOZZART за натпреварот Ботафого - Атлетико Минеиро

На патот кон конечниот успех им стои Ботафого, некогашната сила на бразилскиот фудбал која со децении патеше додека не ги купија американските сопственици. Последната битна титула ја освоија пред речиси 20 години, а Копа Либертадорес никогаш. На хартија имаат послаб тим од Атлетико, но на теренот тоа многу подобро изгледа. Во првенството се први со три бода предност на две кола пред крајот, а на чекор се и од триумф во Копа Либертадорес што би била најдобра сезона во историјата на клубот.