• Зоран Мишевски

Лионел Меси пред почетокот на натпреварот ПСЖ притив Рен беше исвиркан од домашните навивачи на стадионот во Париз. Иако е еден од најдобрите на сите времиња, разгалените навивачи на францускиот великан му наменија свирежи, откако најавувачот го изговори неговото име и презиме при претставувањето на играчите пред почетокот на натпреварот.
Меси доби свирежи заедно со Килијан Мбапе, иако беше забележано дека некои го скандираа неговото име. Сепак, се доби впечаток дека свирежите се начин да го „казнат“ Аргентинецот, незадоволни од тоа што нивниот клуб веќе беше елиминиран во осминафиналето на Лигата на шампионите. Меси одигра лоша партија, но целиот тим на ПСЖ беше разочарувачки против Баерн, но и денес против Рен, кој на крајот победи со 0-2 среде Париз.
На крајот од натпреварот, речиси сите играчи на ПСЖ останаа на теренот да ги поздрават навивачите, некако да се извинат за поразот и лошата игра. Сепак, Лионел Меси замина директно во соблекувалната, што е негов одговор на претходните свирежи.
PSG 0-2 Rennes
Mbappe dkk berikan applause fans PSG yang hadir dan menyaksikan kekalahan PSG di Std. Parc des Princess
Sementara itu, Messi langsung menuju lorong ganti. Dari gesturnya Messi udah enek tapi gaji gak dong. pic.twitter.com/nqcoEWXmlV— Siaran Bola Live (@SiaranBolaLive) March 20, 2023
Во текот на кариерата, Меси ретко беше исвиркуван од противничките навивачи, камоли од своите. На крајот од оваа сезона завршува договорот на Меси со ПСЖ и голема е веројатноста дека двете страни ќе се разделат.