Конате: Побрзав да се вратам од повредата, дури и би „умрел“ за Ливерпул

Дефанзивецот на Ливерпул, Ибрахима Конатe им се врати на терените по повредата на коленото.

Стандардниот првотимец на „црвените“ беше надвор од терените еден месец и пропушти осум натпревари, а по враќањето истакна дека побрзал назад за да му помогне на тимот што е можно поскоро.

„Самиот сакав побрзо да се вратам. Коленото не е целосно заздравено, но наскоро ќе биде 100% подготвен. Го направив овој потег за тимот.

Би „умрел“ за Ливерпул. Тоа е сосема во ред“ изјави Конате.

Во меѓувреме доби понуда за нов договор. Конате во иднина треба да биде столб на одбраната на Ливерпул со оглед на тоа што Вирџил ван Дајк најверојатно ќе го напушти тимот по крајот на сезоната.