Комплетирани полуфиналните парови, еве кога се играат првите натпревари

Лигата на шампионите е пред самиот крај, на програмата се полуфиналињата, а тоа значи дека останаа само четири екипи во борбата за престижнииот трофеј.

Реал Мадрид ќе го предизвика Челзи во првото полуфинале. Рекордерот по бројот на трофеи во натпреварувањето го елиминира Ливерпул, па сега ќе треба да прескокне уште еден премиерлигашки предизвик. 

Првата средба се игра во Мадрид на 27 април, што значи дека „сините“ на Томас Тухел ќе имаат можност да поправаат евентуални грешки на реваншот на домашен терен (4 мај).

Вториот пар го сочинуваат Манчестер Сити и ПСЖ, што може да се каже дека е „финале пред финалето“. Дербито ќе се одигра ден подоцна, односно среда на 28 април, а домаќин ќе биде францускиот првак. Второто соочување на „Етихад“ ќе се случи на 5 мај.

Големото финале е закажано за 29 мај на „Кемал Ататурк Стадиум“ во Истанбул.