Комплетирани четвртфиналните двојки на Купот на Азија

Репрезентацијата на Катар е последниот четвртфиналист на Купот на Азија, откако во осминафиналето ја совлада репрезентацијата на Иран со 1-0 (0-0). Мечот, кој се играше во Абу Даби беше одлучен со прекрасен гол од слободен удар на Басам Алрави во 62. минута.

За Катар пласманот меѓу најдобрите осум во Азија е трет во историјата, а за место во полуфиналето ќе се бори против репрезентацијата на Јужна Кореја, која претходно по продолженија го елиминира Бахреин.

Четвртфиналните натпревари се играат на 24 и 25 јануари, а останатите три двојки се Виетнам - Јапонија, Кина - Иран и ОАЕ - Австралија.