• Мартин Танасковски
Фудбалската репрезентација на Костарика е последниот патник на Светското првенство (СП) кое на крајот на оваа година ќе се игра во Катар. Костариканците во Интерконтиненталниот бараж славеа над Нов Зеланд (1-0) и ги комплетираа групите.
Костариканците го добија дуелот кој се одигра во Ал-Рајан и патуваат во пеколната група. Тимот ќе биде на Светското првенство заедно со Шпанија, Јапонија и Германија, што значи дека ќе ја има улогата на аутсајдер во групата.
Средноамериканската селекција се намачи да го победи Нов Зеланд кој имаше повеќе шанси кон голот на противникот. Победничкиот гол на мечот падна уште во 3. минута, кога еден од најдобрите играчи на домашните, Жоел Кембел, ја смести топката во мрежата на противникот.
Во 39. минута Нов Зеланд дојде до 1-1 преку Вуд, ама голот беше поинштен со ВАР поради офсајд. Во вториот дел проблемите за селекцијата од Австралија и Океанија стартуваа во 67. минута кога Барбарусе доби директен црвен картон.
Избраниците на Луис Фернандо Суарез се пласираа на СП по шести пат во историјата. Првпат таму учествуваа во 1990 година, а од претходните пет турнири пропуштија само еден.