Компани: Сите веруваме во „кам-бек“, мора да го победиме Интер!

Винсент Компани и Баерн Минхен се пред тешка задачата во Лигата на шампионите и ќе мораат да слават победа над Интер во Милано, ако сакаат да минат меѓу четирите најдобри во елитата. 

Баварскиот гигант прикажа многу пропусти на првиот меч во Германија и загуби со 2-1 пред своите гледачи, но Компани вели дека сите во тимот веруваат во успех и немаат намера да се откажат од оваа авантура. 

„Ако одиграме како во првото полувреме во Минхен, можеме да се надеваме на успех. Тогаш не искористивме неколку одлични прилики за гол, но ако ја подобриме реализацијата во Милано, мислам дека можеме да се вратиме во дуелот.

Сите во тимот веруваат во кам-бек и напорно работат за таа цел. Дефанзивно мораме да бидеме многу подобри, контрите на Интер се пеколни. Тие имаат предност, но ние одиме на победа. Едноставно е, мора да славиме во Милано за да ја продолжиме авантурата“, изјави Компани. 

Баерн Минхен ќе гостува на „Џузепе Меаца“ во Милано, каде ќе се сретне со актуелниот италијански шампион. Четвртфиналниот реванш ќе се одигра на 16 април во 21:00 часот.