Компани: Сите ја одиграа својата улога, имаме тимски и победнички дух!

Баерн Минхен запиша нова победа во Лигата на шампионите, совладувајќи го Спортинг со 3-1 на домашен терен. Баварскиот гигант потешко дојде до триумфот и мораше добро да се испоти за бодовите, момент кој го израдува нивниот кормилар на клупата. 

По натпреварот, тренерот Винсент Компани имаше пофални зборови за својот тим.

„Ова е победа која ја заслужија сите во тимот. Игравме како вистински тим, со карактер и дисциплина. Спортинг е одличен тим и ни создаде сериозна конкуренција, но нашата посветеност и тимски дух на крајот направија разлика.

Секој играч знае што е неговата улога и секој го дава максимумот на теренот. Оваа победа е доказ дека кога работиме заедно, можеме да се справиме со секој противник“, изјави Комапни.

Со оваа победа, Баерн Минхен ја потврди својата позиција при самиот врвр на групата и се подготвува за следните предизвици во Лигата на шампионите.