Компани се прости од „граѓаните“ и ќе биде тренер-играч во матичниот клуб

По 11 години завршува една од најубавите приказни во Манчестер Сити. Капитенот Винсент Компани се реши да го напушти „Итихад“ и да се врати во редовите на Андерлехт. 

Искусниот белгиски дефанзивец цели 11 години беше столб на одбраната на „граѓаните“, но бројните повреди во последниот период го оддалечија од првиот состав на Пеп Гвардиола, па затоа двете страни се договорија за разделба. Во својата ера во Сити, Компани освои 12 трофеи меѓу кои четири од Премиер лигата. 

Пред да дојде во Англија, Компани го носеше дресот на Олимпик Марсеј во Франција и Хамбургер во Германија.

33-годишниот стопер кариерата ќе ја продолжи во својата татковина, каде ќе биде тренер-играч во матичниот клуб, Андерлехт. Клубот кој е симбол на Белгија се наоѓа во криза и по долг период следната сезона нема да настапи во европските Купови.