• Саше Љолес
Винсент Компани спортски го призна поразот на Баерн Минхен во Лигата на шампионите и на прес-конференцијата по мечот со Барселона искрено рече дека ривалот бил многу пофокусиран и помотивиран.
Баварците делуваа солидно во првите триесетина минути, но потоа доживеаја целосен распад на „Монжуик“, а со оваа констатација се сложи и младиот белгиски тренер.
„Загубивме заслужено. Не сум изненаден од играта на Барса, тие се фудбалски великан во Европа. Повеќе ме чудат нашите несфатливи грешки, но мора да извлечеме поука и да се подобриме за следните мечеви. Имавме многу пропусти, а тоа е недозволиво кога играте против ваков ривал“, изјави Компани.
Баерн беше торпедиран во Шпанија, а вистински херој на Барселона беше Бразилецот Рафиња, кој постигна хет-трик. Во следното коло баварскиот гигант ќе се соочи со екипата на Бенфика.