• Горан Упале

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, го објасни списокот на повикани фудбалери за последните два натпревари во Лигата на нации. На истиот одново се најде Дарко Чурлинов, кој летово направи трансфер во Англија и го засили Барнли, но младиот напаѓач најверојатно нема да настапи на овие натпревари.
Причината е повреда на тренинг на неговиот тим. Во вторникот, Барнли се сретна со Престон, а нашиот репрезентативец не беше во протоколот. По дуелот кој што заврши со без победник (1-1) Винсент Компани, менаџерот на Барнли, потври дека Чурлинов заработи повреда.
„Да, тој е повреден. Нема да откријам за што точно се работи, но за жал нема да биде со нас одредено време“, откри белгискиот стратег.
Македонија гостува кај Грузија во клучниот натпревар, а потоа во Скопје доаѓа Бугарија.