• Горан Упале
Долго време Баерн Минхен талкаше во потрага по нов тренер, наиде на одбивање на првите избори за наследник на Томас Тухел, а на крајот изборот падна на Винсент Компани. Некогаш врвен фудбалер, а сега перспективен стручњак, од кого се очекува многу на „Алијанц Арена“. Сега веќе поранешниот тренер на англиски Барнли изгледа верува во себе и не се плаши од предизвици.
„Ова не е шок за мене. Ја живеам својата работа толку интензивно што немам време да се изненадам. Челниците на клубот веднаш ме убедија дека јас сум вистинскиот човек за нив", ја започна својата приказна Компани на презентацијата до германските медиуми.
Белгискиот стручњак вели дека не му е толку важно дали добил едногласна поддршка од раководството на клубот.
„Многу е поважно кога ќе нè видат на теренот да се уверат во моите квалитети. И сигурен сум дека ќе бидат задоволни. Пораснав на улиците на Брисел, во академијата на Андерлехт. Мора да бидете тим, барам од моите играчи храброст, агресивност. Сакам да играме така, бидејќи тоа го отсликува мојот карактер. Сакаме да доминираме во текот на целата сезона, на целиот натпревар“.
За играчкиот кадар и трансфер-периодот Компани истакна дека се уште немал детални разговори со раководството на клубот.