• Мартин Танасковски
Екипата на Баерн Минхен ја оправда фаворитската улога и забележа триумф над Ајнтрахт Франкфурт со 3-0, во меч кој се играше во рамки на шестата рунда на германската Бундеслига.
„Баварците“ лесно го победија ривалот, а на овој дуел имаше два моменти за одбележување и за фудбалска историја во Германија и Европа.
Првиот е голот на Луис Диаз, кој даде гол по 15 секунди игра и стана третиот најбрз стрелец во историјата на германската елита, по Џовани Елбер (11 секунди) и Лотар Матеус (13 секунди).
Вториот момент за историја е фактот што Винсент Компани забележа десет победи во низа во сите натпреварувања. Такво нешто, да ја отвориш сезоната со 10-0-0, досега не му успеало на ниту еден друг тренер во „топ пет“ лигите во Европа.
Вториот гол на мечот во Франкфурт го постигна Хари Кејн, кој исто така влезе во историјата како прв играч кој дал 11 гола во првите шест кола во една бундеслигашка сезона, додека третиот беше дело на Луис Диаз кој вторпат погоди.
- Извештај од натпреварот:
Баерн Минхен е апсолутен лидер во Германија, а како што изгледа, уште една титула доаѓа во витрините на гигантот од земјата.





