ВИДЕО: Компани и баварците бесни – зошто судијата не досуди пенал за Баерн?

По рано примениот гол, фудбалерите на Баерн Минхен со цел „арсенал“ го нападнаа ПСЖ по израмнување, а две спорни ситуации го одбележаа првото полувреме на „Алијанц Арена“. 

Прво левиот бек на парижани Мендес играше со рака, но недозволената игра не беше санкционирана од главниот судија, кој сметаше дека немало намера. Во спротивно, доколку досудеше прекршок, Пинеиро ќе мораше да му додели втор жолт картон на дефанзивецот на европскиот шампион. Но, тоа што се случи нешто подоцна уште повеќе ги налути баварците, а особено тренерот Винсент Компани

Во казнетиот простор на гостите, топката го погоди Невеш раката, која не беше во природна положба, но ниту овој пат Пинеиро не се огласи, што наиде на големо незадоволство кај домашните фудбалери и фанови. 

Состави

Винсент Компани

4-2-3-1

    Луис Енрике

    4-3-3