Компани го пропушта и ЕУРО 2016 заради повреда

Gol.mk на EURO 2016

Капитенот на Манчестер Сити и на фудбалската репрезентација на Белгија, Винсент Компани, нема да игра на и Европското првенство по повредата на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите. 

Шефот на одбраната на „граѓаните“ одигра само 8 минути и принудно го напушти теренот. 30-годишниот Компани нема да игра до крајот на сезоната во Премиер лигата а момците на Пелегрини денес ќе играат против Арсенал.

Белгија на ЕП во Франција ќе игра во Групата Е заедно со Ирска, Италија и Шведска.