Компани е внимателен: Ништо не е готово, се бориме до крај за титулата!

По важната победа над Сент Паули (0-5), тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, изрази задоволство од настапот на својот тим, но потенцираше дека трката за титулата сè уште не е завршена.

Белгискиот стратег е внимателен и не сака да дозволи никакво опуштање кај играчите, за кои рече дека точно ги знаат неговите барања и задачи. 

„Одигравме сериозен натпревар против незгоден противник. Сент Паули знае да направи проблеми, но мислам дека контролата беше на наша страна во текот на целиот меч.

Ова е период од сезоната кога не смееме да си дозволиме опуштање. Секој натпревар е финале ако сакаш да ја освоиш Бундеслигата. Играчите ги знаат моите барања и ги исполнуваат задачите како што треба. Во добра позиција сме, но ништо не е решено.

Има уште натпревари и мора да останеме фокусирани до самиот крај. Ако продолжиме со ова ниво на игра, верувам дека ќе бидеме наградени“, рече Компани. 

Баерн Минхен со оваа победа дополнително ја зацврсти својата позиција на врвот и направи уште еден чекор кон нова шампионска титула. Баварскиот гигант има 12 бода повеќе од Борусија Дортмунд, а до крајот на сезоната остануваат уште пет кола.