• Горан Упале
Фудбалерите на Емполи ја продлабочија кризата во таборот на Комо и извојуваа минимална победа од 1-0 во рамките од единаесеттото коло во Серија А.
- Емполи - Комо 1-0:
Ова е петти врзан меч без триумф за Комо, кој сега е шеснаесетти на табелата, додека Емполи со вечерашните три бода се искачи на 11. место. Клучниот момент на натпреварот се случи во 47. минута, кога Пелегри ја прими топката по долг центаршут и ја испрати во мрежата на противникот за кончени 1-0.
Значајна победа забележа и тимот на Џенова, која на гости кај Парма славеше исто така со минимални 0-1. Поранешниот тим на Горан Пандев со овој триумф конечно побегна од зоната за испаѓање, па сега е на 17. место на табелата.
- Парма - Џенова 0-1:
Херој на Џенова беше Пинамонти, кој мрежата на „млекарите“ ја затресе во 80. минута.