ВИДЕО: Комо со „покер“ голови му нанесе тежок пораз на Удинезе

Фудбалерите на Комо ја запишаа првата победа во новата година и во вистински момент ја прекинаа мини-серијата без триумф во домашниот шампионат. На затворањето на 21. коло во Серија А, тимот предводен од Цеск Фабрегас славеше со убедливи 4-1 над Удинезе и ја впиша петтата овосезонска победа во италијанското првенство. 

  • Извештај од натпреварот: 

Диао и Стрефаца ги постигнаа головите за Комо во првото полувреме, а само што започна второто Пајеро намали на 2-1. Следуваше неочекуван удар за домашниот тим, затоа што Едоардо Голданига за само седум минути доби два жолти картони и предреме го заврши натпреварот. Но, тоа не ги спречи фудбалерите на Комо да продолжат со нападите и со два гола до крајот стигнаа до заслужени три бода, со кои направија значаен скок на табелата (тринаесетто место со 22 бода). Билој со автогол и Нико Паз во судиското надополнување ги постигнаа преостанатите два гола на средбата. 

Во следното коло Комо на свој терен ќе ја пречека „ранетата“ Аталанта, додека Удинезе излез од мини-кризата ќе проба да најде против Рома

Состави

Сеск Фабрегас

3-4-2-1

    Kosta Runjaic

    3-5-2