• Саше Љолес
Фудбалерите на Комо испуштија голема шанса за нов триумф и им дозволија на гостите од Џенова на самиот крај да се изборат за реми (1-1). Натпреварот од третото коло во Серија А донесе возбудлива и динамична игра, полна со интересни моменти за публиката.
- Комо - Џенова 1-1:
Домаќинот подобро го отвори мечот и бргу дојде до предност од 1-0. Стрелец на погодокот беше Аргентинецот Нико Паз, кој повторно покажа дека ќе биде еден од лидерите на тимот и оваа сезона.
Џенова не беше ривал за потценување, имаше прилики преку Малиновски и Френдруп, но не успеа да дојде до израмнување. На паузата Комо го задржа минималното водство.
Вториот дел започна со подобар пристап на гостинскиот тим, Џенова сакаше бргу да се врати во игра, но и одбраната на Комо беше на висина на задачата. Сеск Фабрегас го освежи тимот со четири измени во периодот до 80. минута и делуваше дека ќе ја завери мисијата, но на крајот следуваше вистински „студен туш“ за домаќинот.
Најпрво директен црвен картон заработи стоперот Јакобо Рамон, а само триесет секунди подоцна, Џенова израмни со голот на Калеб Екубан и донесе ерупција кај гостинските навивачи. Конечните 1-1 беа поставени во 92. минута од натпреварот.
Во следното коло Комо ќе гостува кај Фиорентина, додека Џенова ќе патува кај екипата на Болоња.
Попладнево, во блед и неубедлив дуел, Верона и Кремонезе играа без голови.

