• Мартин Танасковски
Историскиот пласман на Комо во Лигата на шампионите донесе и неочекуван проблем за италијанскиот клуб.
Европслката фудбалска унија (УЕФА) потврди дека стадионот на Комо не ги исполнува потребните стандарди за организирање натпревари од најелитното европско клупско натпреварување, поради што тимот ќе мора да ги игра своите домашни средби на друг стадион.
Според одлуката, екипата предводена од Сеск Фабрегас ќе биде принудена да биде домаќин на стадионот на Сасуоло, кој се наоѓа на околу 200 километри од Комо. За клубот ова претставува дополнителен предизвик, бидејќи навивачите нема да можат да ги следат историските европски натпревари во својот град и на препознатливиот стадион покрај езерото Комо.
Инаку, Комо обезбеди историски прв настап во Лигата на шампионите откако сезоната во Серија А ја заврши на четвртото место, пред гигантите Милан и Јувентус.


