• Саше Љолес
Екипата на Комо продолжува со феноменалните резултати во Серија А и успеа вечерва да го надигра Лацио во Рим со убедливи 0-3 (0-2) во натпреварот од 21. коло.
- Лацио - Комо 0-3:
Избраниците на Сеск Фабрегас одиграа уште една маестрална напаѓачка партија и комплетно го надиграа домаќинот кој остана без одговор за мотивираниот ривал. Мрежата прв ја начна Хрватот Мартин Батурина уште во втората минута, а потоа во листата на стрелците се запиша и одличниот Нико Паз, кој биеше во 24. минута, а потоа промаши и удар од белата точка.
Комо на паузата имаше сигурни 0-2, а во продолжение уште посилно ја потврди победата со вториот гол на Паз, кој се „искупи“ за промашениот пенал во првото полувреме. Лацио немаше никакви шанси за „кам-бек“ во мечот и мораше да се помири со седмиот сезонски пораз. Гостите прикажаа одлична игра и постојано го напаѓаа противникот, оставајќи впечаток на исклучително зрел и тактички подготвен тим, зрел за високи дострели во елитното италијанско друштво.
За Комо ова беше десетти триумф сезонава, со кој стигна до вкупно 37 бода, доволни за шестото место на табелата. Лацио е три позиции подолу со 28 бода на своето салдо.
- Кремонезе - Верона 0-0:
Попладневниот дуел на Кремонезе и Верона заврши без голови (0-0).









