ВИДЕО: Комо и Фабрегас со победа во Верона уште сонуваат ЛШ

Фудбалерите на Комо славеа минимална победа од 0-1 на гостувањето кај Верона во 35. коло од Серија А и останаа во игра за пласман во Лигата на шампионите. Тимот на Сеск Фабрегас влезе во натпреварот под притисок по само една победа на последните шест средби, но на „Бентегоди“ успеа да стигне до многу важни три бода.

Гостите беа подобар противник во текот на целиот натпревар, создадоа повеќе шанси и неколкупати се заканија сериозно кон голот на Верона. Решавачкиот момент се случи во 71. минута кога Андриас Едмундсон лошо реагираше во одбраната, а тоа го искористи Анастасиос Дувикас кој мајсторски погоди за 0-1.

Верона накратко се израдува на израмнување во 75. минута преку Кирон Бови, но по ВАР проверката голот беше поништен поради офсајд. До крајот домаќинот не успеа да создаде посериозен притисок, па Комо без поголеми проблеми ја сочува предноста и стигна до значајна победа.

  • Извештај од натпреварот:

Верона веќе е прежалена и следната сезона ќе игра во Серија Б, додека Комо барем привремено ќе биде петтопласиран со 65 бода, два помалку од Милан кој вечерва игра со Аталанта, а еден повеќе од Рома која ѝ гостува на Парма.