• Горан Упале

Комо го реализираше големиот трансфер во финишот на преодниот рок и го доведе Моизе Кин од Фиорентина.
Италијанскиот репрезентативец пристигнува на позајмица до крајот на сезоната, за која Комо ќе плати 5 милиони евра, додека откупот е задолжителен и е договорен на 25 милиони евра. Фиорентина може да заработи дополнителни пет милиони низ бонуси.
„Искусен е, гладен за голови и веднаш може да ни помогне“, изјави тренерот на Комо, Сеск Фабрегас, по официјализацијата на трансферот.
Кин инсистираше на преселба, а главната причина беше желбата повторно да игра во Лигата на шампионите. Напаѓачот минатата сезона беше еден од најважните играчи на Фиорентина, а оваа сезона веќе постигна гол во Купот на Италија.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.






