ВИДЕО: Комо броеше до ДЕВЕТ и влезе во историјата на ЛШ, тежок пораз за Алегри и Наполи

Ленс доживеа вистинска голеада и претрпе тежок пораз од Комо со неверојатни 1-9 во четвртото коло од Лигата на шампионите. Тимот на Цеск Фабрегас го декласира францускиот тим како гостин со дури девет погодоци, подвиг кој досега го направи само Баерн Минхен против Динамо Загреб (9-2). Победата со осум гола разлика досега имаа само Ливерпул (против Бешикташ во 2007) и Реал Мадрид (против Малме во 2015).

  • Ленс - Комо 1-9:

Анастасиос Дувикас го отвори резултатот во седмата минута, а со вториот погодок во 32. минута ја зголеми предноста на гостите. До паузата во листата на стрелците се запиша и Нико Паз, а вистинската голеада продолжи во второто полувреме. Лукас да Куња, Марк-Оливер Кемпф и повторно Дувикас, кој комплетираше хет-трик, донесоа убедлива предност од 0-6. Матија Либерали зголеми на 0-7, Рубен Агилар го постигна единствениот гол за Ленс, а до крајот Мартин Батурина и Матео Папачоли ги поставија конечните 1-9.

Порто стигна до значајна победа од 4-1 против Наполи и ги освои првите бодови во ова издание на Лигата на шампионите. Португалците му нанесоа тежок пораз на тимот на Масимилијано Алегри. 

  • Порто - Наполи 4-1:

Домашниот тим поведе во 11. минута, кога Јан Беднарек со удар со глава ја искористи асистенцијата на Габри Веига по корнер. Наполи успеа да се врати во натпреварот пред паузата, откако Скот Мектоминеј во 43. минута ја искористи одбиената топка и израмни на 1-1. Сепак, Порто беше подобар во продолжението и повторно ја презеде контролата. Габри Веига го врати водството на португалскиот тим, а Јакуб Кивиор го постигна третиот погодок и точка на победата стави Саму од пенал во 89. минута.

Борусија Дортмунд ја продолжи добрата серија на домашен терен и го совлада Реал Бетис со 2-1. По мирното прво полувреме без погодоци, домаќините поведоа во 49. минута преку Фабио Силва, кој ја искористи одбиената топка по ударот на Џоб Белингам. Бетис не се предаде и во 67. минута стигна до израмнување, откако Аитор Руибал ја заврши акцијата по асистенцијата на Абде Езалзули. Сепак, Дортмунд успеа да одговори, а резервистот Константинос Карецас го постигна победничкиот погодок за конечни 2-1 и големи три бода за германскиот тим.

  • Борусија Дортмунд - Бетис 2-1:

Возбудувањата во Лигата на шампионите продолжуваат на крајот на овој месец по репрезентативната пауза.

Состави

Јаник Каузак

3-5-2

    Сеск Фабрегас

    4-2-3-1