„Комити“ со автобус тргнаа за Норвешка: „За тебе Вардаре и до Сибир малку е“!

Македонскиот фудбалски шампион, Вардар, в четврток ќе гостува во далечната Норвешка во рамки од второто коло на Лига Европа. Вардарци на овој дуел нема да останат без поддршката од „Комитите“, кои најави дека со автобус ќе отпатуваат до Трондхајм само да ги бодрат своите миленици. 

„Комитска eвро-турнеа...Првото гостување на Вардар во еден натпревар од Лига Европа, и не можеше да биде подалеку, речиси 3.300 километри…Поради лошите авионски конекции и неразумните цени на чартер-летовите, ова гостување останува да го одработиме онака “Old School” со автобус…Не помина многу долго кога како слоган го прифативме оној дека  за тебе Вардаре и до Сибир малку е…Не е Сибир, но е тука некаде и според климатските услови, но и според оддалеченоста… Собир - денес 26.09 (вторник) во 11:00ч. на железничка, а ПОАЃАЊЕ во 12:00 часот. Ентузијастички потфат, предизвик и вистински тест на издржливоста…Да не бевме Комити ќе речевме дека е тотално надвор од секој разум и логика, но Комити сме, и совршено ни е логично и јасно: Одиме за Трондхајм!!!“ напишаа „Комитите“ на социјалните мрежи.

Мечот против норвешкиот шампион на програмата е в четврток со почеток до 19.00 часот.