„Комити“ со порака до вардарци: На терен делувате како аматери на ревијални натпревари! 

Најтрофејниот македонски фудбалски колектив, Вардар, минува низ тежок период на стартот од новата сезона на Првата македонска фудбалска лига. Поради забрана за доведување на нови играчи ова лето не можеше соодветно да го засили својот ростер, а сезоната ја започна со пораз на гости кај Македонија Ѓорче Петров и реми од 0-0 кај новајлијата Борец. 

Токму заради ваквата ситуација и неочекуваниот слаб старт на сезоната, најверните фанови „Комитите“ побараа од своите миленици да докажат дека навистина го сакаат црвено-црниот дрес.

Соопштението на навивачката група „Комити“ ви го пренесуваме во целост: 

„Во првите две кола видовме тим и играчи кои го носат дресот на Вардар, но ангажман, борбеност и посветеност како да сме аматерски клуб на ревијални натпревари. Знаеме дека не сме засилени, но костурот на тимот е задржан, знаеме дека сме кадарни за високи дострели а сепак имаме тешки нозе и бариери во главата, недоверба во сопствените можности, неверување дека можеме затоа што се е во главата… Имавме денови кога игравме и со младински состави, примавме по 9 голови, но на теренот видовме полетарци кои знаат што значи името Вардар, и која тежина е носењето на тој црвено-црн дрес, не сме им замериле, ги славевме и нашата песна не престана да грми 90. минути. Знаеме да цениме пожртвуваност, знаеме да препознаеме жар и желба да се надминеме самите себеси со екстра напор, трпеливи сме, но знаеме да казниме индолентност и непочитување, неодговорност и малодушност. Сè што бараме е храброст и пожртвуваност за секоја топка, и тогаш резултатите се во втор план, и тогаш нема да замериме пораз дома од Македонија Ѓ.П и килави 0-0 со Борец во Велес.

Нам резултатите не ни влијаат на присуството, но ни влијаат на расположението на трибина, затоа подарете ни го чувството дека знаете каде играте и што бараме од секој натпревар дури и кога тоа не е победа туку желба за истата и труд за остварување. Ние веруваме во вас, верувајте и вие во самите себеси!

Ние ќе бидеме на трибина во сабота, бидете и вие на теренот но во вистинска смисла, не само формално!
Конечно Градски, конечно враќање во нашиот дом, а домот е неприкосновен и се брани со сите сили и мотиви“, велат „Комити“

Вардарци шанса за деби-победа во новата сезона ќе имаат за два дена, за кога е закажан дерби мечот со градскиот ривал Работнички. 

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Академија ПандевАкадемија Пандев 5 4 1 0 7:1 6 13
2 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 5 3 2 0 10:5 5 11
3 ВардарВардар 5 3 1 1 6:2 4 10
4 ШкупиШкупи 2 5 2 2 1 6:5 1 8
5 РеноваРенова 1 5 2 1 2 5:6 -1 7
6 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 1 5 2 1 2 6:8 -2 7
7 БорецБорец 5 1 1 3 2:7 -5 4
8 ШкендијаШкендија 2 5 1 1 3 4:4 0 4
9 СилексСилекс 1 5 1 0 4 5:8 -3 3
10 РаботничкиРаботнички 1 5 1 0 4 4:9 -5 3