ВИДЕО: „Комити" со конвој го кренаа Скопје пред дербито со Шкендија

Навивачката група на Вардар, популарните „Комити", го кренаа Скопје на нозе пред дербито со Шкендија кое е овој викенд.

Приврзаниците на „црвено-црните" организираа конвој кој започна од Маџари и се движеше низ целиот град. Мина и низ центарот, одеше по главниот булевар Партизански Одреди, а заврши во населбата Ѓорче Петров.

Вардарци имаат четири причини за радост, тие се есенската титула, дваесет години од групата „Лојал Фанс", пет години од „Комити Маџари", како и јубилеј со братството меѓу „Комити" и „Војводи" од Тетово, инаку навивачите на Тетекс.

Дербито меѓу Вардар и Шкендија на програмата е в недела од 13:00 часот.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 18 10 6 2 28:11 17 36
2 ШкендијаШкендија 1 18 8 4 6 30:13 17 28
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 18 7 6 5 19:15 4 27
4 СилексСилекс 18 8 3 7 21:20 1 27
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 18 6 8 4 21:18 3 26
6 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 18 6 6 6 18:22 -4 24
7 ШкупиШкупи 18 5 7 6 20:21 -1 22
8 БорецБорец 18 5 5 8 14:26 -12 20
9 РеноваРенова 18 5 4 9 17:30 -13 19
10 РаботничкиРаботнички 18 4 3 11 16:28 -12 15