• Горан Упале

Вардар им се врати на победите во домашното првенство, откако вечерва на теренот на ФФМ славеше над Арсими со 2-0. „Црвено-црните“ одиграа сигурен натпревар и заслужено стигнаа до трите бода, а со тоа на новиот тренер Миодраг „Гроф“ Божовиќ му обезбедија деби со победа на клупата на шампионот.
Вардарци од самиот почеток наметнаа иницијатива, а притисокот резултираше со гол во 25. минута. По одлична тимска акција, Маневски ја протна топката низ нозете на Алими, а Закариќ од непосредна близина погоди за 1-0. Неколку минути подоцна Спахиу се закани со силен удар, но Силјановски одлично интервенираше.
На полувреме се замина со минимална предност на вардарци од 1-0, а стартот од вториот дел го одбележа првата голема шанса на гостите, но Талески не дозволи израмнување. Потоа следуваше она што беше најавено – „Комитите“ се спуштија на теренот и натпреварот беше во прекин повеќе од 15 минути. Најверните вардарови фанови потоа го напуштија својот сектор, продолжувајќи со протестот против раководството на клубот.
Откако актерите на натпреварот се вратија на теренот, Вардар имаше комплетна контрола и не му дозволи на противникот да се закани по голот на Талески. Во самиот финиш од средбата, поточно во 102 минута Омерагиќ и Данев ја изиграа гостинската одбрана и младиот офанзивец со сигурна реализација ги постави конечните 2-0.
Прва македонска лига 2026/27
Шесто коло:
Вардар – Арсими 2-0 (1-0)
Стадион: Тренинг центар на ФФМ „Петар Милошевски“, гледачи 1.500
Главен судија: Игор Стојчевски
Асистенти: Гоце Петрески, Дарко Видиниќ
ВАР-судија: Бенџамин Ќерими
Стрелци: Закариќ во 52. минута и Спахиу во 102. минута за Вардар
Жолти картони: Најдовски, Николов, Бабунски, Омерагиќ (Вардар) и Џемаили, Мислими, Алити, Рамадани и Иљази, Алими (Арсими)
Вардар:
Талески, Јанкулов, Најдовски, Матиќ, Маневски, Бабунски, Николов (од 60м. Тодоровски), Данев, Закариќ (од 99м Босанчиќ), Спахиу, Омерагиќ (к)
Арсими:
Силјановски, Алити (од 89м. Алити), Џемаили, Дардишта, Мислими (од 85м Гафури), Гони, Олаесебикан (од 76м. Дошев), Иљази, Јусуфи (од 88м. Рибаудо), Каба-Јакупи (од 76м. Рамадани), Контрерас
Играч на натпреварот: Едиз Спахиу (Вардар)
Следен противник на Вардар во ПМФЛ е екипата на Башкими, а Арсими на свој терен ќе ја пречека Шкендија.


