• Мартин Танасковски
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар доживеа пораз од Брера Струмица (1-3) на отворањето на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и покажа многу аномалии во првата рунда.
Евидентно беше дека Горазд Михајлов ќе има работа со тимот, затоа што многу се грешеше на теренот и тоа на ривалот му дозволи да даде три гола. Посебно ранлива точка беше одбраната, која премногу лесно даваше отворен простор на ривалот.
Најсветлата точка на Вардар на овој натпревар ако треба да се оценува? Дефинитивно, тоа се „Комитите“, кои дојдоа во Струмица во завидна бројка и цел меч беа заедно со својот миленик и му дадоа песна...