„Комити“ на тренинг на Вардар: Разговор со сите, „црвени линии“ и поддршка за Срле!

Претставници на навивачката група „Комити“ присуствуваа на тренингот на фудбалскиот клуб Вардар каде се имаше разговори со раководството на клубот, стручниот штаб и играчите за периодот кој следи.

Од „Комити“ веалт дека на сите кои во овој момент раководат со клубот, на стручниот штаб, како и на фудбалерите, јасно им се дало до знаење кои се целите и црвените линии кои не смеат да бидат поминати.

Воедно, групата упати целосна поддршка до новиот шеф на стручниот штаб, Срѓан Захариевски и до целиот негов тим и од сите побара борба до самиот крај.

Вардар се наоѓа во лоша позиција поради лошиот старт на првенството, а има три порази и една победа над Пелистер. Воедно, тимот доби трет тренер во името на Срѓан Захариевски оваа сезона, по Горазд Михајлов и Горан Петрески.