„Комити“ излетаа од трибина, причината е - провокација!?

Навивачката група на Вардар, популарните „Комити“ во 27. минута од натпреварот против Шкупи ја напуштија трибината, поради наводна провокација од навивачи на Шкупи.

„Црвено-црната“ армија која броеше околу 250 навивачи беше присутна од првата минута на натпреварот, но сепак, на средината на првиот дел ја напушти својата Западна трибина. Најверните навивачи на вардарци ги собраа транспарентите и тргнаа кон излезот на стадионот, но на истиот наидоа на затворени врати и голем број на полиција, која спречи инциденти.

Според првичните информации, се работи за провокација од страна чаирчани, кои се појавиле во Градскиот парк, иако беше забрането гостински навивачи да бидат присутни околу стадионот за време на средбата која е прогласена за дуел од висок ризик.

На полувремето резултатот на мечот Вардар - Шкупи е 0-0.