ФОТО: „Комити“ и „УГЕ“ прославија – 15 години братство и единство!

Навивачите на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар и навивачите на навивачите на германскиот бундеслигаш Шалке 04, популарните „Комити“ и „Ултрас Гелзенкирхен“, остварија средба во Скопје, по повод 15 години од збратимувањето на двете групи.

Во далечната 2004 година, на мечот меѓу Вардар и Шалке 04 во рамки на тогашниот Интертото Куп, двете групи се збратимија, а традицијата трае и денес.

По повод јубилејот, „Комити“ организираа средба во Скопје, на која допатуваа околу 60 навивачи од Германија. „Ултрас Гелзенкирхен“ беа гости во Академијата на Вардар, каде имаа средба со клупската управа, тренерот Алексадар Васоски и дел од играчите, меѓу нив и капитенот Филип Гачевски. 

Од „УГЕ“ како мал знак на почит на Вардар му подарија 100 дреса од Шалке 04, а за возврат и тие добија подароци од таборот на македонскиот фудбалски клуб. И двете групи си посакаа среќа во новата сезона и што е можно повеќе успеси во првенствата.