„Комити“ го најавија историското сплотување на навивачите – за Македонија!

Репрезентацијата на Македонија го игра својот плејоф натпревар од полуфиналето во Лигата на Нациите, против Косово на 26 март во Скопје, на арената „Тодор Проески“.

Веќе беше најавено сплотување и обединување на македонските навивачки групи, поради историската шанса која е пред Македонија. Навивачите на Вардар, „Комити“ веќе направија настан на Фејсбук и детална организација на денот и заедничко упатување кон стадионот. 

  • Објава на „Комити Скопје“ на Фејсбук: 

Комитите ги повикаа останатите групи да им се приклучат, а првичниот собир го најавија на плоштадот Македонија во 17:00 часот. По собирањето, околу 19 часот најавија заеднички навивачки марш (кортео) низ улиците на Скопје до арената и секако од 20:45 часот повикаа на фудбалски и навивачки спектакл.