Комични сцени на Златибор: Куче предизвика долг прекин (ВИДЕО)

Интересни и комични сцени се случуваа на натпреварот од младинскиот „Куп на пријателството“, кој се игра во Златибор, Србија

Мечот помеѓу словенечки Марибор и српски Борац Бања Лука беше прекинат во 47. минута кога куче втрча на теренот и почна да си игра со фудбалерите, кои се обидуваа да го фатат и да го изнесат, за да можат да продолжат со натпреварот. 

Фудбалерите неколку минути имаа „проблем“ да го „уловат“ кучето, кое веројатно мислеше дека сите си играат со него и не сакаше да го напушти теренот. На крајот, конечно, резервните фудбалери успеаја да го „повикаат“ кај себе и кучето им го препушти теренот на фудбалските актери. Потоа натпреварот се доигра и заврши со најнепопуларниот резултат во фудбалот (0-0).

На овој турнир во Златибор учествува и македонскиот тим, Академија Пандев.